ОТВОРЕНИ КАНЦЕЛАРИИ ЗА СРЕДБИ НА ГРАЃАНИ СО ПРАTEНИЦИТЕ

 

Со добивањето на мандатот велешките пратеници во Парламентот на РМ ветија дека ќе имаат свои канцеларии во кои ќе бидат секогаш достапни за граѓаните и во функција на решавањето на проблемите на градот.
Денес и ова ветување стана реалност – се отворија канцеларии на пратениците за комуниказија со граѓаните. Канцелариите се на ул. „Борис Трајковски“ бр. 19 и за граѓаните се отворени секој работен ден, а во петок покрај асистентите во канцелариите ќе може да се остварат контакти и лично со пратениците Илија Димовски и Ѓорги Коџабашиев.

Инаку просториите се сопственост на Општина Велес, а нивното функционирање е обезбедено од проектот на ЗЕЛС и Собранието на Република Македонија .
Во изјавите на пратениците и Градоначалникот Чадиев дадени на отворањето на канцелариите, беше нагласено дека овој простор ќе обезбеди директна комуникација на избраниците на народот со граѓаните за решавање на сите проблеми од општествена и комунална природа, прибирање на нивните предлози и идеи за подобро уредување и управување во локалната и пошироката заедница, иницирање промена на определени законски одредби, како и се друго што е во интерес на граѓаните и градот.
За градоначалникот оваа канцеларија значи олеснета комуникација на две нивоа на власт и побрзо остварување на сите можни решенија на проблемите од областите во надлежност на општината.