Градоначникот ги прими гостите од Бугарија – учесници на регатата
Вардарската регата „Гемиџии“ оваа година имаше меѓународен карактер. По водите на Вардар пловеа и нашите пријатели од Бугарија кои ова 4 дневно дружење и откривање на убавините на реката ќе го понесат како најубав спомен. Ова го истакнаа денес на приемот кај Градоначалникот Славчо Чадиев, гостите од Бугарија – учесници на регатата. Сеуште под силни импресии од доживувањата , гостите најавија учество на следната регата со многу поголема и технички поподготвена посада.