ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЧАДИЕВ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ИФТАР ВЕЧЕРА ВО С.ГОРНО ОРИЗАРИ

Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, вечерва присуствуваше на Ифтар во с. Горно Оризари.

Од негова страна, на присутните граѓани им беше посакано да имаат убави празнични денови, среќа и спокој во семејствата, како и единство, хармонија и взаемно почитување кое треба да биде единствениот пат кој може да донесе економски, културен и сеопшт развој. Ваквите настани се добра прилика да се разменат мислења, но и да се прати порака на единство, бидејќи соживотот и меѓусебното почитување имаат вековна традиција меѓу луѓето кои живеат на овие простори и тоа треба да биде примерот кој треба да биде следен во сечие делување и работа.