ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА „БУЗАЛКОВО“ ОД ДИВИТЕ ДЕПОНИИ

По воведување на услугата за собирање и транспортирање на комунален, комерцијален и индустриски неопасен отпад во населеното место „Бузалково“ од 01.05.2015 ЈКП „Дервен“ се зафати со чистење на дивите депонии со отпад.

 

Во акцијата се изврши чистење на оградената нерегуларна депонија за комунален отпад на самиот излез од населеното место која што неколку години се користеше од страна на жителите, исто така се изврши и чистење на депонијата во „Долно маало“.

Со чистењето на овие депониите, животната средина се растерети од 210м3 отпад кој е транспортиран и соодветно одложен на општинската комунална депонија. Околу 190 домаќинства секој понеделник и четврток добиваат директна услуга за собирање на отпад од општинското јавно комунално претпријатие.

Оваа активност е предвидена во Програмата за управување со отпад на територијата на Општина Велес за 2015 г.