Прием на претставниците од исламската вероисповед

Денес градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев организираше прием за претставниците од исламската вероисповед. На приемот присуствуваа имамот на велешката џамија, членовите на Џамискиот одбор од Велес, претставници на граѓански организации и месни заедници.
„Ни една вера не не учи на лошо. Ако сме добри верници, дали муслимани или христијани, ако ја носиме божјата сила во себе и го почитуваме нашиот Бог, ќе бидеме вистински луѓе. Ќе проштеваме, ќе помагаме, ќе мислиме на доброто на соседот исто како и за своето семејство. Почестен сум што сте денес мои гости заеднички да го обележиме големиот празник, да си посакаме и понатаму успешна соработка и заеднички да ги решаваме сите проблеми што ги носи живото. “ – рече градоначалникот Чадиев.

Честитајќи им го празникот тој истакна дека е почестен што има можност и понатаму да соработува со сите за заеднички да ги решаваат проблеми со кои се среќаваат граѓаните.
Имамот на велешката џамија „Фазли Ахмет“ Нијази Мустафовски, се заблагодари за вниманието на Градоначалникот и Советот на Општина Велес. Истакнувајќи го значењето на овој свет ден посака и понатаму во Локалната самоуправа да има пријател за идни заеднички делувања во сите сфери на животот на граѓаните од исламската вероисповед.