Германската амбасадорка во посета на Општина Велес
Амбасадорката на Германија Кристине Д. Алтхаузер денес имаше работна посета на Општина Велес. На средбата, градоначалникот Славчо Чадиев ја запозна Алтхаузер со вкупните состојби во градот и напорите кои се вложуваат од страна на локалната самоуправа за подобрување на условите за живот на граѓаните.
Двајцата соговорници на средбата ги разгледаа можностите за понатамошна соработка помеѓу Општина Велес и Амбасадата на Република Германија. Од страна на градоначалникот Чадиев беа презентирани и тековните активности на општината, како и идните проекти што ќе бидат реализирани во 2015 година.
Беше разгледан и веке завршениот проект во с. Караслари, финансиран од Германската Амбасада. Општина Велес аплицираше на овој проект со цел да овозможи инсталација на секундарна пумпа за вода, со која трајно се реши проблемот со обезбедување на вода во селото. Вредноста на овој проект изнсува 244.660 денари. Проектен партнер на Општина Велес е Јавното комунално претпријатие „Дервен“ чија одговорност ќе биде одржување на пумпата.
За време на денешната посета, градоначалникот заедно со Амбасадорката ја посетија и новата театарска зграда.