АСФАЛТИРАН Е ОШТЕТЕНИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ”
Денес беа завршени градежните работи за асфалтирање на оштетениот дел од улицата „Борис Трајковски” и спојот со улицата „Методија Андонов – Ченто”. Последните обилни дождови предизвикаа сериозни оштетувања на овој дел од сообраќајницата, со што реконструкцијата се наметна како неопходна. Во наредниот период ќе продолжат предвидените активности за уредување на просторот на повеќе локации во градот.