Голем пожар беснее во близина на Велес

Голем пожар кој попладнево некаде околу 13 часот изби во близина на с. Башино село се уште гори. Пламените јазици досега опфатија околку 100 хектари површина сува трева и грмушки. За среќа боровите дрвја на овој дел засега се спасени.
Со огнената стихија, а со цел да не се прошири и на околината, повеќе од пет часа се справуваат вработени од Противпожарната единица од Велес, ЈКП „Дервен“ и Шумското стопанство „Бабунa”. Како помош, од страна на Дирекцијата за заштита и спасување испратени се и авиони кои интензивно се вклучени во акцијата за гаснење на големиот пожар.

На лице место е и градоначалникот Славчо Чадиев кој одблизу ја следи работата на сите вклучени. Состојбата е променлива од час во час. Во меѓусебна координација со градоначалникот и надлежните служби се и велешките пратеници но и раководните лица од повеќе централни институции. Се очекува пожарот вечерва да биде локализиран.