Започна поставувањето на видео надзорот
Денес започна монтирањето на видео надзорот во ООУ „Блаже Конески“ по што ќе следи поставување на камери во сите основни и средни училишта во Општина Велес.
Целта на овој проект е превентива и зголемена безбедност на учениците додека престојуваат во училиште.
Под видео надзор ќе бидат и градските куќи на Каспови, Џинот, Васил Главинов и Кочо Рацин кои се издвојуваат со посебна автентична архитектура и со богата културна ризница со што ќе се зачува од губење и уништување културното наследство на Велес.
Со поставувањето на овие камери чија спецификација е Full HD, Градскиот парк, „Младински“ парк, „Каршијака“парк заедно со ликовниот салон и во Градски стадион ќе се влијае врз намалување и целосно спречување на понатамошно уништување на урбаната опрема која постојано беше предмет на обновување поради несовесното однесување на одредени поединци.
„Камерите се поставуваат за заштита и безбедност на луѓето и сопственоста, и немаат друга цел. Под видео надзор ке бидат само оние делови кои се цел на снимањето така што гардероби, соблекувални, санитарни чворови, училници и други слични простории нема да бидат предмет на контрола“ –истакна градоначалникот Славчо Чадиев.