ВЕЛЕШКИОТ ХЕРОЈСКИ ГЕН Е ЖИВ
Тројцата наши херои кои го совладаа разбојникот кој сакаше да ограби менувачница во понеделникот на 07.09.2015 со огнено оружје се доказ дека велешкиот херојски ген е жив.
Стојанче Алексов, Ѓоко Ризински и Мето Димов се луѓето пред кои градот Велес ќе се поклони за нивниот храбар чин.
За таа цел, Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев и пратеникот во Собранието на РМ Илија Димовски, ги поканија лично во просториите на Општина Велес за да им честитаат, како од свое име, така и од името на сите граѓани на град Велес за нивното херојско дело.
Со овој чин Велешани потврдуваат дека кај нашите граѓани борбата за праведност и херојство секогаш ќе бидат доблест и ќе станат наше препознатливо одбележје.