ООУ „Васил Главинов” ќе добие лифт за лица со посебни потреби

Основното училиште Васил Главинов ќе биде првото училиште во кое учениците со посебни потреби ќе можат непречено да се движат помеѓу катовите. Неговата изградба ќе значи исполнување на сите стандарди за непречен образовен процес на лица со хендикеп.
Во рамки на планираните активности кои ги спроведува Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, ваков лифт ќе се гради и во училиште во Општина Кавадарци. Проектот е финансиран со 50 проценти од програмата на ОН и УНДП, а со по 25% учествуваат општините Велес и Кавадрци.
Денес во увид на градежните активности во ООУ „Васил Главинов” беа велешкиот градоначалник и претседател на Советот на Вардарскиот плански регион Славчо Чадиев, градоначалникот на Општина Кавадарци Александар Панов и раководителот на Центарот за развој на ВПР Марко Колев.
Паралелно со изградбата на лифтот во ова велешко училиште се уредуваат и тоалетите на првиот и вториот кат.



</