Посета на градоначалникот на Урбаните заедници (17.09.2015)

Агендата на градоначалникот Славчо Чадиев за посети и средби со граѓаните од Урбаните и Mесните заедници во Општина Велес продолжи и оваа вечер со посета на УЗ „Васа Кошулчева”, УЗ „Шорка” и УЗ „Тунел”.
Средбите кои се од битно значење за жителите имаа голема посетеност и заинтерeсираност.
Градоначалникот Чадиев на средбите ги запозна грѓаните со предвидените проекти кои допрва треба да се реализираат во овие урбани заедници во рамките на програмите.

Од страна на жителите до градоначалникот и стручните служби беа поставени и повеќе прашања, а исто така беа изнесени приоритетите и проблемите со кои тие се соочуваат.
Ваквите средби се особено значајни за непосредната комуникација на жителите со локалната самоуправа. На овој начин се создаваат и повеќе можности за спроведување на оние проекти со кои директно се подобруваат условите за живеење на сите граѓани.