Ученичката Симона Калешова доби признание од Чешкиот амбасадор
На меѓународниот ликовен конкурс „Лидице 2015“ во организација на Република Чешка, ученичката Симона Калешова од ООУ „Благој Кирков” Велес под менторство на наставникот по ликовно образование Живко Пренџов освои престижна награда.
По тој повод, денес во кабинетот на Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, лично Амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија Мирослав Рамеж на наградената ученичка и го врачи признанието. Пригодни подароци имаше и за менторот и директорката на училиштето . Следната средба е на 20 октомври, кога на покана на Амбасадорот добитниците ќе гостуваат во Чешката амбасада во Скопје.