КОМИТЕТОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ГО ОДРЖА ПРВИОТ РАБОТЕН СОСТАНОК
Управувањето со отпад е комплексно прашање за чие решавање е потребно вклучување на поголем број интересни групи. Заради тоа, Градоначалникот на Општина Велес формираше Комитет за управување со отпад кој има задача да го следи спроведувањето на Планот и Годишните програми за управување со отпад, да ги анализира податоците и информациите за тековната ситуација во управувањето со отпадот и да ги идентификува идните проблеми што ќе треба да се решат.
На ден 24.09.2015г. Комитетот за управување со отпад на територијата на Општина Велес го одржа првиот работен состанок на кој се разгледуваше Информацијата за превземените активности и за реализација на Програмата за управување со отпад за 2015 година, усвоена од Советот на Општина Велес, активностите кои претстојат за реализација до крајот на годината. Дискусијата продолжи и околу приоритетните проблеми со кои се соочува општината во делот на управувањето со отпадот.
Исто така, на средбата беше извршена Презентација на студиската посета во Јапонија, реализирана од 08.05.2015-04.07.2015г. во рамките на Програмата на Јапонската агенција за развој и соработка на тема: Подобрување во управувањето со отпадот од страна на Билјана Шуркова-Манаскова, претставник од Република Македонија.
На состанокот присуствува и стручни лица од Општина Велес и ЈКП Дервен кои согласно својот делокруг на работа имаат задача дада ги организираат и координираат активностите околу спроведување на Програмата.