ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА 14-ТИОТ ИФАД „СТОБИ 2015”
Со претставата „Крал Иби“ од Алфред Жари во режија на Андреј Цветановски вчеравечер на сцената на Народниот театар „ЈХК Џинот” Велес беше затворено 14-то издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“.
Жирито во состав Катерина Коцевска, Јордан Витанов и Александар Ѓеорѓиев одлучи Гран при наградата за најдобра претстава да ја додели на „Електра“ во изведба на МНТ од Скопје. Во остуство на Андреј Жолдак режисерот на оваа претстава, наградата ја Никола Кимовски од МНТ кој изрази големо задоволство од добиеното признание.
Со наградите за најдобра женска и машка улога се закитија Дарја Ризова за ликот на „Електра“ во истоимената претстава и актерот Селпи Керим од Турскиот театар од Скопје за ликот на Прометеј во претставата „Прометеј“.
Наградите, статуетките Афродита и признанијата, од името на организаторот на фестивалот – Општина Велес, на добитниците им ги врачи велешкиот градоначалник Славчо Чадиев.