Балкански мрежи за заштита на културното наследство
На покана на Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност, Градоначалникот на Општина Велес, м-р Славчо Чадиев во својство на Претседател на Асоцијата на градови од Македонија со архитектонско наследство учествуваше на меѓународна конференција посветена на перспективите за вмрежување во заштитата на културното наследство.
На конференцијата која се одржа на 21 септември во Гилање, Косово, Градоначлникот Чадиев ги презентираше искуствата на македонската национална асоцијација во спроведувањето на активности за заштита на наследството, анимирањето на општините и реализацијата на меѓународни проети во соработка со Француската национална Аасоцијација. На конференцијата на која присуствуваа Скендер Боштракај, Министер за култура, млади и спорт на Косово, Љуфи Назири, градоначалник на Гилање - Косово, Софи Метадие, Градоначалничка на Болие ле лаш – Франција, Марилиз Ортиз, директорка на Француската национална асоцијација ANVPAH &VSSP присутните го прифатија предлогот на градоначалникот Чадиев за разгледување на можностите за формирање на т.н Балканска мрежа на градови со архитектонско наследство и продлабочување на соработката со француската национална асоцијација како и другите европски мрежи за заштита на наследството. Во рамките на конференцијата, учесниците во својот кабинет ги прими градоначалникот на Гилање, Љуфи Назири кој изрази задоволство од можноста за соработка и пренесување на француските и македонските искуства во заштитата на културното наследство.