Велес и годинава е дел од акцијата „Македонија без отпад 2015”
Општина Велес денес беше дел од националната акција „Македонија без отпад 2015”, чии организатори се Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата “Ајде Македонија”. Акцијата се реализираше со цел да се исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места и да се зголеми свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот.
Во рамките на оваа акција се реализираа бројни активности за чистење на неорганизирано зеленило и комунален отпад оставен на јавните површини кои се дел од улиците „Алексо Демниевски – Бауман” и „Васа Кошулчева”. Исто така во сите општински училишта се реализираа и акции за чистење и уредување на училиштата и школските дворови.