Кружниот тек се подготвува за асфалтирање

Овој период на локацијата предвидена за нов кружен тек кај местото „Авона” се одвиваат завршните градежни активности за негова изградба. Со пуштањето во употреба, планирано за следната недела, оваа клучка ќе биде една од најбезбедните за учесниците во сообраќајот.

Проектот целосно се финансира од Буџетски средства, а изведувач на работите е градежната фирма Eвроинженеринг од Велес.