Средба на Градоначалникот Чадиев со Амбасадорката Оер

Денес, во просториите на Општина Велес, Градоначалникот м-р Славчо Чадиев оствари средба со госпоѓа Лоранс Оер, Амбасадорка на Република Франција во Република Македонија.
На средбата, Градоначалникот Чадиев ја запозна г-ѓа Оер со реализираните и тековните активности во рамките на билатералната соработка со Шербур Октевиљ во размената на ученици и заштитата на културното наследство, соработката со Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност, како и започнатата соработка помеѓу Вардарскиот плански регион и регионот Алзас на планот на винопроизводството и винскиот туризам.

Амбасадорката изрази задоволство од досегашната соработка помеѓу Велес и збратимениот град Шербур Октевиљ и ги потенцираше можностите за проширување на активностите. Таа ги нагласи отворените можности за воспоставување на економска соработка на регионално ниво по завршувањето на процесот на спојување на регионите Долна и Горна Нормандија во декември годинава.
Како што потенцираше амбасадорката Оер, Велес веќе има долга историја на соработка со Република Франција што претставува цврста основа за соработка и помеѓу велешките и француските компании во иднина.

</p