Честитка на градоначалникот Славчо Чадиев по повод 11-ти октомври – Денот на народното востание на Македонскиот народ

Почитувани сограѓани

 

Ми претставува особена чест и задоволство од мое лично име, од името на Советот на Општина Велес и од името на сите граѓани на Општина Велес да ви го честитам 11-ти Октовмри – Денот на народното востание на Македонскиот народ.
На овој ден, по 74 години од историското народно востание им се заблагодаруваме и им оддаваме почит, на сите знајни и незнајни херои од НОБ, кои без двоумење ги дадоа своите животи за да денес, ние, граѓаните на Република Македонија, живееме во суверена и независна држава, каде слободно имаме можност да градиме просперитетна и успешна иднина.

Честит 11-ти Октомври!

Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес