Џиновска пита на „ВЕЛЕШКАТА ПИТИЈАДА 2015“

Велешани имаа можност и оваа година при „12-тата ВЕЛЕШКА ПИТИЈАДА“ да ја вкусат џиновската пита пастрмајлија.
Градоначалникот Славчо Чадиев заедно со пратениците во Собранието на Р. Македонија Илија Димовски и Ѓорѓи Коџабашиев ги угостија посетителите со парче пита.


Оваа година е срушен ланскиот рекорд така што големината на питата изнесуваше 3.5 метри во должина и 1 метар ширина.
За подготовката на оваа џиновска пита подготвена од пекара „Којник“ беа употребени 200 јајца, 25 килограми тесто и 20 килограми месо.