Најмладите во посета на локалната самоуправа
Денес ученици ООУ „Васил Главинов“ имаа работна прошетка низ општинската зграда. Учениците имаа можност да го посетат Граѓанскиот сервис центар, да ги видат прес-салата и електронската сала и одблизу да се информираат за работата на општинската администрација, Советот на Општина Велес и функцијата Градоначалник.
Најголем предизвик за учениците на оваа работна обиколка беше влезот во работниот кабинет на првиот човек на градот и средбата со него. Ваквите посети ќе им овозможат на најмладите граѓани на општината подобро да го разберат општинскиот систем како и придобивките од неговото успшено функционирање.