ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ УРНАА ПОТПОРЕН ЅИД

Врнежите од изминатиот викенд кои беа обилни и со силен интензитет, предизвикаа штета во Велес. Заради преголемото количество на вода се урна потпорниот ѕид на улица „Орце Мартинов“ во должина од 13 метри.


Градоначалникот Славчо Чадиев, изврши увид на лице место и ги ангажираше службите за расчистување на теренот и преземање на сите потребни мерки за безбедност како и најбрзо санирање-изградба на ѕидот кој е од голема важност за безбеден премин на улицата.
Повредени при оваа елементарна непогода нема и не се предизвикани штети на околните куќи.