Поделени 1.000 канти за отпадок

1,000 канти за отпадок од страна на Општина Велес стандардизирани за комунален отпад од 120 литри од кои, 800 зелени за комунален отпад и 200 жолти за отпад од пакување, денес беа поделени на граѓаните од страна на Градоначалникот Чадиев и стручните служби.
За поделба на зелени канти за комунален отпад беа избрани домаќинствата на следните улици:
Луј Пастер, Наце Димов, Павел Шатев, Мите Богоевски, Стефан Димитров, Камка Тоцинова, Кирил и Методиј, Архиепископ Михаил, Коле Неделковски, Мирка Гинева, Белградска.
Додека, жолтите ке бидат поделени на домаќинствата од улиците кои изминатата година беа вклучени во пилот фазата за зелени канти.
Доделувањето, евиденцијата и понатамошното постапување со кантите за отпад ќе го извршува ЈКП „Дервен“.