33-ти противпожарен квиз

Денес во салата „Бели Мугри“ по повод 9-ти Ноември, се одржа 33-тиот противпожарен квиз.

Учество земаа учениците од основните и средните училишта во градот кои се натрепеваруваа во три етапи по четири прашања .

Најдобар успех покажаа учениците од ССОУ „Димитрија Чуповски“ додека од основните училишта ООУ „Васил Главинов“.

ТППЕ е често присутна во образовните институции и отворена за соработка со локалната заедница. Токму затоа во сите акции, иницијативи и активности се потврдува со успеси и резултати.

Со добра едукација и почитување на правилата, со внимателно ракување со материјалите што предизвикуваат пожар сите ние го чуваме пред се својот живот, но и животите и имотот на нашите најблиски, ја чуваме природата и убавината на нашата општина.