Јавнa расправa по нацрт-документите на општината за 2016 година.

Вчера во просториите на Општина Велес се одржа јавна расправа по нацрт-документите на општината за 2016-та година.
Јавната расправа првично беше разгледана со преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации невладини организации, културно уметнички друштва и спортски клубови.

Истата јавна расправа се разгледа и со Урбаните и Месните заедници како и сите заинтересирани граѓани.
На јавната расправа беа развиени дискусии на повеќе нацрт-програми и поставени прашања од страна на граѓаните со цел за подобрување со што, одредени предлози беа прифатени за разгледување и прифаќање во нацрт програмите.
На јавната расправа беа разгледани следните нацрт-програми на општина Велес за 2016-та година:
Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2016 година.
Нацрт-програма за изработка на урбанистички планови во Општина Велес за 2016 година.
Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој во 2016 година.
Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија (ИТ) во 2016 година.
Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2016 година.
Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2016 година.
Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2016 година.
Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2016година.
Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2016 година.
Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2016 година.
Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2016година.
Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2016 година.
Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста и меѓународната соработка во 2016 година.
Транспарентното и отчетно презентирање на трошењето на буџетските пари е значаен дел од развојот на локалната демократија. Во овој правец се и овие јавни расправи кои Општина Велес ги органзиира секоја година и од кои произлегуваат многу корисни иницијативи и предлози. Врз база на сето тоа, ќе се изработат и конечните Предлог-програми за работа во 2016 година кои ќе бидат составен дел на Буџетот на Општина Велес за 2016 година.