Концерт на Ансамбл „Керамичар” по повод ослободувањето на градот
Со свечен концерт на Ансамбл „Керамичар” вечерва во Народниот театар „ЈХК Џинот” во Велес продолжи одбележувањето на 71-годишнината од ослободувањето на градот. Зградата на новиот театар беше претесна за да ги прими сите оние кои што сакаа да уживаат во прекрасните настапи на велешките играорци.
Во изминатите 6 децении, „Керамичар” покажа дека е вистински културен амбасадор на Велес и Македонија, кој специфичниот македонски фолклор го доближи до луѓето од сите меридијани, во над 22 земји од Европа и Светот. Со голем ентузијазам, фолклорните групи на ансамблот „Керамичар“ градеа вистински културен бренд во срцето на Македонија, кој денес сите нас не исполнува со гордост и почит кон богатото фолклорно наследство.