Наградата „Петре Прличко” врачена на актерката Милица Стојанова

На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес на легендарната актерка Милица Стојанова свечено и беше врачена актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2015 година. Признанието лично и го додели градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев.

Милица Стојанова е жив дел од колективната меморија на македонскиот театар. Таа е јадро, учител, прекрасен соработник, реткост најдена во друга реткост. Милица Стојанова е една од најголемите привилегии кои се случиле во македонскиот театар, таа е жив музеј од сеќавања кои подеднакво го познаваат минатото и сегашноста и ја поседуваат моќта да ја предвидат иднината.

Во нејзина чест актерите од велешкиот театар ја изведоа претставата ,,Спанаќ со пржени компири”.