Противпожарната единици доби ново теренско возило

Ново теренско возило „Лада Нива“ доби противпожарната единица од Велес.

Возилото го набави Локалната самоуправа, а средствата се издвоени од Буџетот на општината. Градоначалникот Славчо Чадиев денеска официјално на командирот на ТТПЕ му ги предаде клучевите од автомобилот. На вработените им порача со него побрзо и полесно да стигнуваат на интерванција, но и да го користат што помалку, алудирајки на фактот дека нема да има несреќи или пожари.