Oтворена изложбата од 11-тата колонија „Папрадишки мајстори
Најголемиот празник на Општина Велес, 9-ти ноември беше одбележан со отворање на изложбата од 11-тата по ред Ликовна колонија „Папрадишки мајстори“. Ликовниот салон беше местото каде сите љубители на уметноста имаа можност за првпат да ги видат делата на учесниците на колонијата.
Изложбата за отворена ја прогласи градоначалникот Славчо Чадиев, а од името на ЗГ „Папрадишки мајстори” се обрати и ги поздрави гостите, уметникот Филип Коруновски.
На Ликовната колонија „Папрадишки мајстори 2015” вкупно 23 уметници од земјава и од странство, со нивните дела изработени во изминатите десетина дена ја дополнија уметничката ризница на Велес и станаа дел од плејадата творци трајно вградени во нашето културно милје.
Нивните дела и овојпат потврдија дека „Папрадишки мајстори“ е една од најзначајните културни манифестации во Македонија.