Инвестициите на депонијата продолжуваат
Изминатиот период се изврши комплетно оградување на депонијата и поставување на систем за перење на возилата кои го транспортираат и одложуваат отпадот.
Во 2015-та година заради воспоставување на системот за секундарна селекција на отпад од пакување, општинската комунална депонија имаше потреба од дополнително количество на електрична енергија. Потребите досега се обезбедуваа од дизел агрегат кој не беше доволен за планираните активности на депонијата.
Затоа, економски најефикасно и еколошки најприфатливо решение се покажа поставување на изолиран фотоволтаичен (OFF GRID) систем за производство на електрична енергија за сопствени потреби на депонијата.
Очекуваното производство на електрична енергија од целиот систем е 9MWh/годишно, бидејќи локацијата припаѓа во подрачје со зголемено траење на сончевото зрачење со 280 денови во годината.
Вредноста на оваа опрема е 580.000 ден без ДДВ.
ЈКП „Дервен“ исто така воспостави деловно-техничка соработка во врска со услугите за постапување со отпадот од пакување кој претставува комунален отпад на територијата на Општина Велес со Друштво за управување со пакување и отпад од пакување „Пакомак“ ДОО Скопје.
За таа цел, „Пакомак“ ДОО Скопје и донираше на Општина Велес Хидраулична преса за правење бали од селектиран отпад од пакување која иницијално многу ќе помогне во оперативност на системот и олеснување на работата околу складирањето и транспортот на отпадот.
Се очекува до крајот на месецот на депонијата да биде поставено депо за складирање на отпад од електрична е елктронска опрема, отпадни батерии и акумулатори, опасен отпад.