Средба со жителите на с. Горно Оризари
Градоначалникот Славчо Чадиев вечерва го посети населеното место Горно Оризари и оствари средба со жителите и раководството на оваа Месна заедница. Цел на посетата беше предвидената изградба на канализациона мрежа за што се планирани средства во Буџетот на Локалната самоуправа за 2016 година.
На средбата беше дискутирано околу неколку значајни аспекти кои се поврзани со претстојните инфраструктурни зафати. Со реализацијата на овој проект, конечно ќе се реши долгогодишниот проблем за жителите на селото Горно Оризари.