Привршува реконструкцијата на Железничката станица во Велес

Премиерот Никола Груевски во текот на вчерашниот ден изврши увид во активностите за реконструкцијата на Железничката станица во Велес која треба да биде готова до крајот на годината.

Освен Железничката во Велес, до крајот на годината се очекува да биде готова и во Прилеп, а се работи на реконструкција на железничките станици во Богомила, Табановце, Гевгелија, Битола и Чашка. Станува збор за инвестиција од над 2 милиони евра, средства обезбедени преку европските фондови. Претходно беше реконструирана и главната железничката во Скопје. Реконструкцијата се врши првпат по 42 години.