Пуштен во употреба водоснабдителен систем во с. Црквино
Денешната посета на Велес од страна на премиерот Никола Груевски беше искористена и за пуштање во употреба на изградениот водоснабдителен систем во населеното место Црквино.
Градежните работи се завршени, а водата е донесена до селото. Останува да се изработи уште секундаранта мрежа, со што некаде до средината на идната година, проектот целосно би се реализирал.