Oтворен ден за тенис

Отворен ден за тенис денес се одржа на новоизградените терени во Градскиот парк.

Организатори на настанот беа Oпштина Велес, Јавното претпријатие „Парк – Спорт“ и тенискиот клуб „Борец“, чиишто членови први одржаа тренинг на новите терени. Целта на отворениот ден беше да се изврши промоција на новите терени, но и воопшто на тенисот како спорт.