Трибина „да се информираме за ХИВ инфекцијата“
Во организација на Советот за јавно здравје при Општина Велес, а по повод Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, во големата сала во Општина Велес со почеток во 12:00 часот се одржа трибина на тема „Сведи на нула – информирај се, тестирај се и не дискриминирај“.
Насловот на трибината е мотото под кое се реализираат сите активности во Република Македонија поврзани со борбата против оваа сексуално пренослива болест.
На трибината говореа д-р Билјана Трајкова и д-р Ефтим Димитриев од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.
На учениците од сите основни и средни училишта од Велес им беа пренесени сите информации за ХИВ инфекцијата како и преносот, заштитата и лекувањето.
Големиот број на лица заболени од ХИВ/Сида инфекцијата во светот а секако и кај нас треба, да бидат показател на сите за поголема претпазливост.