Мост во збратимениот Самобор го носи името на Велес
Викендов во збратимениот град Самобор од Република Хрватска свечено беше откриена натписната плоча на мостот кој го носи името на Велес. Плочата заеднички ја открија градоначалникот на Самобор Крешо Бељак и градоначалникот на Велес Славчо Чадиев.
Трајната поврзаност на двата града влече корени од далечната 1939 година, кога Кочо Рацин основоположникот на македонската современа поезија, во печатницата на Шпулер во Самобор ја отпечати збирката поезија „Бели мугри”. Повелбата за трајна соработка е потпишана во 1977 година. Во таа насока е и одлуката донесена во 2012 година за именување на мост по името на пријателскиот град Велес. Посетата беше искористена и за средба со македонските иселеници кои живеат во Република Хрватска.