Културното наследство регионален предизвик
Во организација на Француската асоцијација на градови со историја и уметност, на 9-ти и 10-ти декември годинава, во Елбасан, Албанија се одржа конференција посветена на улогата на локалната самоуправа во заштитата на културното наследство.
На конференцијата градоначалникот м-р Славчо Чадиев одржа средби со заменик министерот за култура на Р. Албанија, Зеф Цуни, градоначалникот на Елбасан, Казим Сејдини а беше остварена средба и со Патрик Жеруде, заменик-градоначалникот на Град Шартр.
На оваа конференција со големо значење присуствуваа преставници од повеке земји како што се Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово.
Градоначалникот м-р Чадиев ги претстави досега реализираните билатерални проекти со Француската национална асоцијација како и мерките за соработка на младите од Велес и Шербур-Р.Франција.
На конференцијата беше покрената иницијатива за формирање на Европска федерација на асоцијации за заштита на културното наследство со фокус на архитектурата во која би членувале асоцијациите од сите земји на Балканот. Според најавите, се очекуваат конкретни активности на овој план во првата половина на 2016 година.