10-ти ДЕКЕМВРИ – СВЕТСКИ ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Прифатената во 1948 година Повелба за човекови права се смета за неформален устав кој ги гарантира правата на човекот. Таа ги признава човековите права и слободи како дадени по раѓање, обезбедува рамноправност и гарантира заштита од насилство, лош третман и казни кои влијаат на човечкото достоинство.

Заедничките напори на меѓународната заедница за гарантирање на човековите права продолжуваат и денес. Денот во кој во 1948 година е усвоена Повелбата за правата на човекот – 10 декември, е прогласен за Светски ден на човековите права.

Првиот круг права вклучува безбедност на животот и имотот, слобода на религиозните и етичките ставови, слобода на мислата и ставовите, политички права. Вториот круг права го вклучува правото на работа, на правична и рамноправно плати, почитување на честа и достоинството, социјални права. Третиот круг права вклучува правото на живот во чиста средина во поглед на технолошкиот развој, правото на заштита на тајната на приватноста со оглед на достапноста на податоците во интернет, слобода во областа на уметноста и науката, потрошувачки права, право на заштита од достигнувањата во областа на медицината и биологијата. Концептот на овие права постојано се развива.
Општина Велес останува достојно да ги застапува и да се бори за правата на своите граѓани. Воедно ги охрабрува секое нарушување на човековите права да го пријават во надлежните институции.