ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ОТЧЕТОТ ЗА 2015

Со завршна пресконференција на градоначалникот м-р Славчо Чадиев денес беше презентиран Отчетот на Општина Велес за 2015 година.

Во духот на нашите заложби за транспарентност и за одговорност пред сите граѓани, и оваа година со крената глава излегуваме со Отчет за сработеното на Општина Велес во текот на 2015 година.

-„Дозволете ми да Ви ја претставам брошурата, каде детално, преку фотографии и текст се прикажани сите реализирани проекти на Локалната самоуправа. Ова е документот со кој говори за нашата посветеност кон работата и создавањето на подобри услови за живеење. Се што постигнавме досега и сите планови за иднина не се само наше дело. Тоа не ќе беше возможно ако не бевме поддржани и поттикнати од Вас почитувани граѓани, ако не ја добиевме помошта од бизнис заедницата и институциите на системот. На сите што изминатава година го дадоа својот придонес во развојот на нашата општина искрено им благодарам. Единството со кое настапуваме, одлучноста и самодовербата се изворот на нашата енергија“-рече градоначалникот Чадиев.