Одбележани 70 години од формирањето на Црвен крст во Република Македонија
Денес во Народниот театар ЈХК-Џинот, под мотото: „Чекориме заедно“, се одбележа 70 години од постоењето на Црвениот крст. Претседателот на Општинската организација и на Црвениот крст на Република Македонија, д-р. Милчо Трајков со пригодно обраќање и набројување на сите мисии на Црвениот крст ги додели и благодарниците за најзаслужните волонтери. Поединци кои со децении нештедејќи се придонесоа за развојот и реализирањето на хуманитарните акции.
Црвениот крст својата благодарност за постојаната соработка и помош на Општина Велес ја изрази со благодарница која лично ја прими градоначалникот, м-р Славчо Чадиев.
Програмата на овој настан беше збогатена со песните на хуманитарката и доаенот на Македонскиот народен мелос, Виолета Томовска и ВИГ „Разбој“.
Црвениот крст на Република Македонија одбележа 70 години од основањето и 20 години од полноправното членство во Меѓународната федерција на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина.