Амбасадорот на НР Кина во посета на Велес.

Амбасадорот на НР Кина во Република Македонија Вен Џеншун денес имаше работна посета на Општина Велес. На средбата, градоначалникот Славчо Чадиев го запозна амбасадорот Џеншун со вкупните состојби во градот и напорите кои се вложуваат од страна на локалната самоуправа за подобрување на условите за живот на граѓаните.

Двајцата соговорници на средбата ги разгледаа можностите за понатамошна соработка помеѓу Општина Велес и Амбасадата на Народна Република Кина. Од страна на градоначалникот Чадиев беа презентирани и тековните активности на општината, како и идните проекти што ќе бидат реализирани во 2016 година.

По средбата градоначалникот и амбасадорот ја посетија Фабриката за шински возила и месноста „Венуле”, како погодна локација за нови инвестиции кои ќе придонесат за забрзан локален економски развој.

Посетата на кинескиот амбасадор е потврда дека Република Македонија предизвикува значително внимание кај странските инвеститори, а целта на Локалната самоуправа е да ги информира сите нив со местоположбата и поволностите за инвестирање.