Василица, празник на занаетчиите во Велес
Велешките занаетчии денес го слават празникот посветен на Свети Василиј Велики. Одбележувањето на празникот традиционално се одржа во манастирот св. Димитрија каде во присуство на свештеници од Повардарската епархија беше скршен и светиот колач.
Оваа традција на собирање на занаетчиите од Велес не е прекината ниту по еден век. Некои занаети исчезнувале, други се раѓале а традицијата стара повеќе од 100 години опстанала да постои секоја година на денешниот празник.
На манифестацијата беше присутен и градоначалникот Славчо Чадиев кој на велешките занаетчии им посака пред се добро здравје но и успех во работата со надоградување и развивање на своите занаети.