SymbioCity Approach

Тим од Општина Велес аплицираше и е одбран за Интернационална тренинг програма “Enabling Local Democracy and Holistic Urban Planning through the SymbioCity Approach”. Оваа програма е во организација на Шведската влада, преку Business Sweden и SKL International и се фокусира на одржлив урбан развој на локално ниво. Тренингот се базира на SymbioCity пристапот како методологија за развој и зајакнување на институционалното урбано раководење, специјално креиран за менаџери и професионалци од областа на урбанистичкото планирање во локалните и регионални органи во Македонија, Србија, Турција и Грузија.

Членови на тимот од Општина Велес се: Деан Стојанов, Тања Божинова и Тијана Маневска, со проектот: Идентификација на решенија за проблемот со атмосферските води во градот Велес преку иновативен пристап (Change Project - Identification of the solutions for the rain water issue of the city of Veles trough an innovative approach). Модератор на сите учесници во оваа програма од Македонија е др. Огнен Марина – професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.


Интернационалната тренинг програма е во неколку фази и досега се одржани почетната работилница во периодот од 2ри до 5ти јуни 2015 год. во Скопје и регионалната работилница која се одржа во Истанбул од 19ти до 23ти октомври 2015 год. Во тек е подготовка за учеството на работилницата во Шведска која ќе се одвива во март 2016 год.

 


SymbioCity Team


 

*За предложување на решение при клик на сликата се клика на табот „ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ“ и потоа во паѓачкото мени за „Изберете тип на пријава“ се одбира „Атмосферски води“