Знамето на Велес се вее и на највисокиот врв на Африка

Денес во Општина Велес градоначалникот Славчо Чадиев оствари средба со планинарите Тoдорче Ѓоргиев и Љупчо Ѓоргиев кои изминатата недела остварија голем успех искачувајќи го највисокиот врв на Африка, Ухуру, висок 5.895 метри. Благодарејќи на нивниот поход, знамето на Велес се вее и на врвот на планината Килиманџаро.

На средбата, градоначалникот Славчо Чадиев честитајќи им го успехот на двајцата алпинисти истака дека тој и општината секогаш настојуваат да им се помогне на луѓето кои покажуваат напредок во спортските резултати и да се поддржат во рамки на можностите.

Општина Велес и во понатамошниот период ќе продолжи со давањето поддршка на сите млади луѓе, на сите ентузијасти, научници и спортисти што имаат потенцијал и амбиции да бидат најдобри. Нивната промоција во светот во исто време е и промоција Велес и Македонија.