ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАР НА СТАНБЕНИ ЗГРАДИ И РЕГИСТАР НА УПРАВИТЕЛИ НА СТАНБЕНИ ЗГРАДИ

Општина Велес со советот на Општина Велес во рамките на своите надлежности, а во согласност со Законот за домување и државната стратегија за домување, ги следи и планира потребите за домување на своеето подрачје за што презема мерки и активности за обезбедување на комунална инфраструктура потребна за нормално функцонирање на станбениот простор.

Од страна на Здружението за хумано домување Хабитат Македонија беше изразена иницијатива за соработка со Општина Велес на полето на водењето на Регистарот на станбени згради и Регистарот на управители на станбени згради како и енергетската ефикасност за секторот домување во Македонија, а исто така и да се формираат совети во подобруваето на квалитетот на домувањето во колективните станбени згради.

Со таа цел денес во просториите на Општина Велес се потпиша меморандум за соработка на заедничики интерес на двете потписнички страни, Општина Велес и Хабитат Македонија.