ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ НА МЗ „ГОРНО ОРИЗАРИ"

Вечерва градоначалникот Славчо Чадиев со преставници на општинските служби ја посети Месната заедница „Горно Оризари“.

Граѓаните од ова населено место од страна на градоначалникот беа запознаени со предвидените проекти и проектите кои веке се во тек со реализација во ова населено место. Во овој правец беше отворена и дискусија за активностите околу иградбата на дел од канализациониот систем во селото.

Од страна на жителите до градоначалникот и стручните служи беа поставени повеќе прашања во врска со проектите кои се во тек на реализација.

Ваквите средби се особено значајни за непосредна комуникација на жителите со локалната самоуправа. На овој начин се создаваат и повеќе можности за спроведување на оние проекти со кои директно се подобруваат условите за живеење на сите граѓани.