Изложба „Патот на логорите на смртта“
Денес во Ликовниот салон во Велес, се отвори изложба на фотографии “Патот на логорите на смртта.“
Изложбата е дел од една поголема колекција поставена во Центарот за Образование, Историја, Култура и Холокауст на Ромите во Будимпешта, Унгарија.
На изложбата преку фотографии е преставувена трагичната судбина на Ромите во Унгарија за време на Втората светска војна и не потсетува на трагичните настани од Холокаустот на Ромите.
„И како и секоја изложба и оваа има име – „Патот во логорите на смртта“. На сликите не доминира уметноста, доминира колективната несреќа на ромскиот народ од времето на холокаустот, водена од идејата на фашизмот за целосно истребување на Ромите.
Секако дека ваквите идеи е невозможно да успеат зошто Ромите се едни од најраспространетите нации, ги има на сите континенти, ја негуваат својата традиција и култура и се гордеат со своето потекло. Но вистината за уништувањето на илјадници Роми во овие денови кога се обележува годиншнина од Холокаустот, е обврска на оваа генерација нивно поколение. Во исто време тоа е и наша обврска зашто тие се наши пријатели, познаници, наши сограѓани со кои ја градиме заедничката иднина“- рече градоначалникот Чадиев.
Оваа егзибиција е организирана од страна на Кабинетот на министерот без ресор Неждет Мустафа во соработка со Амбасадата на Унгарија во Република Македонија и истата ке биде во Велес до 7-ми Февруари.