Четири тенди за општините од Вардарскиот плански регион
Денес се изврши промоција на добиените тенди во рамките на проектот „Поддршка и промоција на препознатливи стопанско туристички настани во Вардарски плански регион и мапирање на потенцијалите за развој на рурален туризам и подготовка на Регистар на потенцијали за рурален туризам ниво на Вардарски плански регион”, кој што е финансиски поддржан од Програмата за развој на ОН – УНДП.
Претседателот на Советот за развој на ВПР и градоначалник на Општина Велес Славчо Чадиев заедно со Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион Марко Колев официјално ги презентираа активностите и добиените тенди.
Во рамките на овој проект се набавени: 4 (четири) тенди со димензии 7x7 метри, изработени од метална конструкција, кои ќе бидат на располагање на општините во Вардарскиот плански регион.