Презентирана индустриска зона Мамутчево

Презентирана индустриска зона Мамутчево - 1

Денес во просториите на Општина Велес градоначалникот Славчо Чадиев пред бизнис сектротот од Велес ја презентираше индустриската зона „ Мамутчево“.

Стопанскиот комплекс Мамутчево се наоѓа на непосредна близина на Општина Велес. Поточно на левата старана од регионалниот пат Велес-Штип. Стопнаскиот комплекс со основна класа на намена на површини Г-(производство, дистрибуција и сервис) односно класа на немена, Г2-лесна и незагадувачка индустрија, Г3-сервиси, Г4 -стоваришта на локалитетот во м.в. „Кумсал“ К.О Мамутчево, Општина Велес.

Површината на земјиштето изнесува 43 хектари. Теренот за предвидениот стопански комплекс Мамутчево е рамен и има добра инфраструктура односно се поврзува со патот за Скопје и Прилеп.

Презентирана индустриска зона Мамутчево - 2

Презентирана индустриска зона Мамутчево - 3